Стогово, нова инвестиција за експлоатација на манган

Bez autora
Jun 18 2013

Министерот за економија Ваљон Сараќини и Денис Корнијенко сопственикот на Скопски Легури Мајнинг ДООЕЛ Скопје го потпишаа договорот за експлоатација на минерална суровина-манган за локалитетот Стогово, лоциран во западниот дел на Македонија, недалеку од Кичево. На потпишувањето присуствуваа градоначалникот на Дебар Ружди Љата, Игор Трајковски градоначалник на Дебарца и Фатмир Дехари градоначалник на Кичево Денешниот договор значи нова инвестиција и нови вработувања што ќе биде од огромно значење за локалното население и локалниот економски развој, во западна Македонија како и за националната економија. Освен директните приливи од концесија и новите работни места оваа инвестиција ќе значи и дополнителна можност за заработка за многу локални мали и средни компании од западна Македонија.

Стогово, нова инвестиција за експлоатација на манганМинистерот за економија Ваљон Сараќини и Денис Корнијенко сопственикот на Скопски Легури Мајнинг ДООЕЛ Скопје го потпишаа договорот за експлоатација на минерална суровина-манган за локалитетот Стогово, лоциран во западниот дел на Македонија, недалеку од Кичево.

На потпишувањето присуствуваа градоначалникот на Дебар Ружди Љата, Игор Трајковски градоначалник на Дебарца и Фатмир Дехари градоначалник на Кичево

„Денешниот договор значи нова инвестиција и нови вработувања што ќе биде од огромно значење за локалното население и локалниот економски развој, во западна Македонија како и за националната економија", рече Сараќини.

Освен директните приливи од концесија и новите работни места оваа инвестиција ќе значи и дополнителна можност за заработка за многу локални мали и средни компании од западна Македонија.

Министерот Сараќини потсети дека според последните официјални информации растот на индустриското производство од 4 отсто во април годинава во најголема мерка се должи на растот токму во секторот на вадење руди кои изнесува 1,9 отсто, а сето тоа се одрази позитивно и на растот на БДП кој изнесува 2,9 отсто.

Согласно законот 78 отсто од понудениот износ, како и понатамошните плаќања по основ на концесиски надоместок ќе бидат приход на општините на кои ќе се врши концесиската дејност, додека 22 отсто од овие износ ќе бидат приход на Буџетот на државата.

„Конкретно од оваа инвестиција ќе значи развој за четири општини во западна Македонија и тоа општините Кичево, Дебар, Струга и Дебарца ќе инкасираат во своите општински каси и тоа 78 отсто од понудата што ја достави инвеститорот која изнесуваше 26,1 милион денари.

Гледано по општини приливот за општина Кичево ќе биде 13 отсто или 2.646.320,00 денари, за општина Дебар 28 отсто или 5.724.000,00 денари, општина Струга 20 отсто или 4.071.000,00 денари и општина Дебарца 39 отсто или 7.939.620.00, денари", информираше Сараќини.

Претставникот на Скопски легури, посочи дека како инвеститори за нив е многу значајно што се дел од програмата на Министерството за економија и Владата на Македонија која планира да спроведе преку измена во законот за минерални суровини, со што суровините од Македонија ќе се преработуваат во државата до финалниот производ со понатамошно пласирање на домашниот и странскиот пазар.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik